• петок, 22 ноември 2024

„Генерацијата Зет“ подготвена на откажување од секс заради купување куќа или поголема плата

„Генерацијата Зет“ подготвена на откажување од секс заради купување куќа или поголема плата

Лондон, 19 авгyст 2024 (МИА) - Луѓето родени меѓу 1997. и 2012 година, односно „генерацијата Зет“, се подготвени трајно да се откажат од сексот за постигнување „поголема“ животна цел - купување куќа, покажува ново истражување на платформата „Блум сторис“ (Bloom Stories), спроведено во Велика Британија.

Испитувањето опфатило 2.000 луѓе, а открива и дека на околу третина од младите поважно им е зголемувањето на платата од сексот, како и оти околу 25 отсто испитаници „ќе апстинираат“ ако тоа значи - унапредување. Повозрасните луѓе изјавиле дека се повеќе заинтересирани за продолжување на активниот сексуален живот на сметка на финансиско-кариерниот развој.

Претходната анкета на „Клевер рил истејт“ (Clever Real Estate) посочи повторно - помала заинтересираност за секс воопшто, како и дека 60 отсто од девојките од „генерацијата Зет“ им е грижа за поседувањето дом.

Според овие испитувања, околу 32 отсто од возрасните на возраст од 35 до 44 години би се одлучиле да останат сексуално активни и на сметка на купување куќа, покачување на платата или унапредување на работа. Од луѓето на возраст од 45 и повеќе години, помалку од 50 отсто би избрале да имаат секс наместо да купат дом.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан