• петок, 22 ноември 2024

Генерал Сирски: Русите имаат предност

Генерал Сирски: Русите имаат предност

Киев, 6 април 2024 (МИА) - Ситуацијата во зоната за специјални воени операции се уште е тешка за украинските војници, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, посочувајќи дека руските војници имаат предност во „воздух, проектили и артилериска муниција“.

-Русија сега напаѓа дење и ноќе, користејќи јуришни групи со поддршка на оклопни возила. Нивната цел не е променета - тие сакаат да стигнат до административната граница на регионот Доњецк, рече Сирски на Телеграм.

Според него, на вооружените сили на Украина им е особено тешко во правец на Бахмут, во областите источно од Часив Јар и Клешчеивка.

Тој додаде дека ситуацијата се уште е тензична во областите Лиман, Орехов и Херсон, како и во областите Бердичев, Орловка, Водјани и Первомај.

Јан Гагин, советник на лидерот на Доњецката Народна Република, претходно изјави дека вооружените сили на Русија влегле во предградието Часив Јар.

Тој додаде дека руската армија е блиску до преземање на огнената контрола врз сите патишта што ги користи украинската армија за снабдување на војниците во Часово Јар, што значи дека наскоро би можеле да ја отежнат нивната логистика.

Часив Јар е важен логистички центар на украинската армија од 2014 година. Сепак, откако руските сили ја презедоа контролата врз патиштата што водат до неа, местото почна да го губи стратешкото значење за Украинците. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан