Генерал Картер: Овој пат талибанците можеби се поинакви
- Командантот на британската армија Ник Картер изјави дека светот треба да им даде простор на талибанците да формираат нова влада во Авганистан

Лондон, 18 август 2021 (МИА) - Командантот на британската армија Ник Картер изјави дека светот треба да им даде простор на талибанците да формираат нова влада во Авганистан.
- Мора да бидеме трпеливи, да ги сочуваме нервите и да им дадеме простор да формираат влада и да покажат со што располагаат. Можно е овие талибанци да се поинакви од оние кои луѓето ги памтат од 90-тите години, посочи Картер.
Тој додаде дека е во контакт со поранешниот претседтаел на Авганистан, Хамид Карзаи, кој денеска треба да се сретне со талибанците.
- Можеби овие талибанци се поразумни... тие никако не се хомогена организација, талибанците се збир од различни племенски личности, кои доаѓаат од цел рурален Авганистан, посочи Картер. ми/