• среда, 05 март 2025

Генерал Ејал Замир: Мисијата против Хамас не е завршена

Генерал Ејал Замир: Мисијата против Хамас не е завршена

Ерусалим, 5 март 2025 (МИА) – Мисијата против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа не е завршена, изјави денеска новиот началник на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир.

- Хамас претрпе тежок удар, но се уште не е поразен. Мисијата сè уште не е завршена, рече 59-годишниот Замир по преземањето на функцијата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Замир носи многу голема одговорност.

- Резултатите од војната ќе имаат значење за генерации, ние сме решени да постигнеме победа, додаде израелскиот премиер.

Замир беше воен советник на Нетанјаху пред десетина години.

- Во минатото, двапати ве препорачав за началник на Генералштабот, а сега по трет пат, рече Нетанјаху, додавајќи дека сега е дојдено неговото време.

Генералот ја презема должноста во време кога е под закана примирјето што стапи во сила на 19 јануари меѓу Израел и Хамас, по повеќе од 15 месеци војна. јт/

Фото: Википедија

Остани поврзан