Генералниот директор на „Росатом“ вели дека можно е исклучената нуклеарната централа „Запорожје“ да доставува електрична енергија на Крим
- Генералниот директор на Руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов изјави денеска дека електричната енергија од нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина би можела да биде доставена во Крим, анектиран од Москва.

Москва, 19 февруари 2025 (МИА) - Генералниот директор на Руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов изјави денеска дека електричната енергија од нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина би можела да биде доставена во Крим, анектиран од Москва.
АЕЦ Запорожје се наоѓа на територијата на Украина окупирана од Русија и е во режим на „студено исклучување“ од септември 2022 година.
Лихачов изјави дека по негова наредба се подготвува голема програма за ставање во функција на АЕЦ Запорожје. Тоа вклучува добивање лиценци за инсталации и работа со вработени, како и работа со горивото и создавање систем за производство на електрична енергија. рп/
Фото: МИА архива