• четврток, 04 декември 2025

„Гевгелија град на културата“ продолжува со промоција на меѓународна антологија „Нов духовен мост“ и предфестивалски концерти на „Калинка“

„Гевгелија град на културата“ продолжува со промоција на меѓународна антологија „Нов духовен мост“ и предфестивалски концерти на „Калинка“

Гевгелија, 2 јуни 2025 (МИА) - Манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ продолжува со организирање гостување на Друштвото на новосадски книжевници и промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“ и предфестивалски концерти на Детскиот фестивал „Калинка“, соопштија од локалната самоуправа.

Книжевниот настан ќе се одржи утревечер. На него ќе биде промовирана двојазична антологија, во којашто се застапени творби на 49 автори од Македонија и Нови Сад, а којашто во декември 2024 година беше претставена во седиштето на Друштвото. Во рамки на промоцијата, ќе допатуваат и ќе бидат претставени писателите и поетите Селимир Радуловиќ, Мирослав Алексиќ, Ѓорѓе Писарев, Сунчица Радуловиќ Торбица и Наташа Бундало Микиќ (Србија) и Христо Петрески (Македонија).

Како што се наведува во објавата на Општина Гевгелија, целта на оваа нова книжевна организација, покрај останатото е и книжевно-културна размена помеѓу Нови Сад како европска престолнина на културата за 2021 година и останатите европски градови, преку континуиран процес на промовирање културни содржини и соодветен систем на вредности.

Од денеска до 5 јуни ќе бидат одржани и три предфистивалски концерти на Детскиот мјузилки фестивал „Калинка“, на кои ќе бидат изведени новите 18 песнички. Концертите ќе бидат збогатени и со настапи на хор и бенд при „Калинка 2025 година“, Танцовото студио „Мистик“ и Градскиот детски хор „Божилак“ од Гевгелија, како и со настапи на гости од Турција и Бугарија. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан