• среда, 03 јули 2024

Гватемалскиот претседател нареди апсење и протерување на мигрантите

Гватемалскиот претседател нареди апсење и протерување на мигрантите
Гватемала, 2 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Гватемала, Алехандро Гаматеи нареди апсење и протерување на илјадници мигранти од Хондурас, кои илегално влегле во земјата со „човечкиот караван“, надевајќи се дека ќе го продолжат патот до САД и покрај опасностите и пандемијата. Гаматеи им дал посебни овластувања на безбедносните сили да ги растераат насобраните луѓе во шест окрузи додека се очекува продор на се повеќе мигранти од Средна Америка во обид да ја преминат границата. Повеќе од 2.000 мигранти, повеќето со заштитни маски, вчера влегоа и покрај вооружените гватемалски војници на границата. Властите во Гватемала се загрижени поради пандемијата на Ковид-19. - Во време на пандемија имаме мигрантски караван. Ги прекршија сите здравствени протоколи и ние не знаеме кога влегле во земјата, изјави директорот за миграција Гулермо Диаз. Мали се шансите дека мигрантите ќе успеат да го преминат Мексико, чиј претсседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја распореди националната гарда на границата со Гватемала, а успеа да ги растера претходните каравани под притисок на САД. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп го постави како приоритет спречувањето на илегалното вселување, еден месец пред одржувањето на претседателските избори во САД, на кои се надева дека ќе победи. гт/

Остани поврзан