• петок, 22 ноември 2024

Гвардиола: Ќе го водам Манчестер Сити и во Лига 2

Гвардиола: Ќе го водам Манчестер Сити и во Лига 2
Манчестер, 17 февруари 2020 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека нема да го напушти „Етихад“ дури и ако тимот испадне во Лига два, четврто ниво на англискиот фудбал. „Граѓаните“ се соочуваат со таква закана заради финансиски измами. Тие веќе се отстранети две сезони од Лигата на шампионите,но ќе ја обжалат казната до Арбитражниот спортски суд во Лозана. - Вокоја лига и да играме, јас ќе бидам тука. Дури и ако не испратат во Лига 2, јас сепак ќе бидам тука. Сега е време да се обединиме, изјави Гвардиола пред фудбалерите, тврди „Скај Спортс“. Главниот извршен директор Феран Сориано додаде: „Оваа казна ќе отпадне“.

Остани поврзан