• понеделник, 06 мај 2024

Гвардиола со личен рекорд ја продолжи победничката серија во ЛШ

Гвардиола со личен рекорд ја продолжи победничката серија во ЛШ

Манчестер, 8 ноември 2023 (МИА) – Тренерот на актуелниот европски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го подобри личниот рекорд според бројот на последователни победи без пораз во елитната Лига на шампиони (ЛШ).

Со вчерашниот триумф на Сити над Јанг Бојс (2-0), шпанскиот стратег дојде до својата 17. победа во серија без загубен натпревар. Со тоа го подобри сопствениот рекорд од времето кога ја предводеше Барселона, на чија клупа забележа 16. победи во ЛШ во низа.

Сити последен пат загуби во ЛШ на почетокот на ланскиот септември.

Пред Гвардиола се тројца тренери според непрекината победничка серија. Отмар Хицфилд и Луј ван Гал со Баерн, односно Ајакс, забележаа 19. победи во низа, а апсолутен рекордер меѓу тренерите е Алекс Фергусон, кој го предводеше Манчестер јунајтед до серијата од 25. победи во ЛШ. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан