Гвардиола: Секој тим од Премиер лигата би сакал да го има Рајс
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека секој клуб од Премиер лигата би сакал во својот тим да го има играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс.

Манчестер, 30 март 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека секој клуб од Премиер лигата би сакал во својот тим да го има играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс.
- Има многу играчи со кои сакавме да потпишеме, но тие не решија да ни се придружат. Рајс не е првиот што сакавме да го добиеме, но тоа не се случи. Имаме долг список. Тој ја донесе оваа одлука и не му посакувам ништо друго освен среќа. Секој тим од Премиер лигата би сакал да потпише со Деклан Рајс. Тој е капитен на Англија и млад играч кој одигра многу натпревари, ги цитира „Goal“ зборовите на тренерот на Сити.
Рајс игра за Арсенал од 2023 година. Пред тоа играше во Вест Хем.
Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и седум асистенции. зс/
Фото: ЕПА