• петок, 17 мај 2024

Гвардиола против Фулам не користеше замени, за прв пат на 416 натпревари

Гвардиола против Фулам не користеше замени, за прв пат на 416 натпревари
Манчестер, 5 декември 2020 (МИА) - Манчестер сити забележа победа над Фулам со 2:0 во 11-то коло од англискиот шампионат. Покрај освоените три бода, денешниот меч на „Етихад“ го одбележа и тренерот на домаќините Пеп Гвардиола кој не направи ниту една замена. Шпанскиот фудбалски стручњак за прв пат на 416 натпревари не внесе на теренот ниту еден играч од резервната клупа. Во моментов, Сити со 18 бода од 10 натпревари се наоѓа на 5.место на премиерлигашката табела. зс/

Остани поврзан