• недела, 23 февруари 2025

Гвардиола по победата од 8-0 во ФА Купот: Имаме сериозен проблем во дефанзивната бековска четворка

Гвардиола по победата од 8-0 во ФА Купот: Имаме сериозен проблем во дефанзивната бековска четворка

Манчестер, 12 јануари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше критичен кон своите играчи и покрај победата од 8-0 над Салфорд во ФА Купот.

- Тоа е само еден натпревар, но не можам да негирам дека ни требаат победи. Ова е трета по ред. Се разбира, има уште многу да се посакува. Не е тајна дека имаме сериозен проблем во дефанзивната бековска четворка. Но, на овој натпревар сите беа неверојатни и постигнавме многу голови. Ова не се случило долго време. Вакво нешто ни требаше за да ни го подигнеме расположението и да ги израдуваме луѓето. Но сега ни претстојат навистина тешки натпревари во наредните денови, изјави Гвардиола.

Младиот играч Џејмс Мекати постигна „хет трик“, но менаџерот има поголеми очекувања. 

-Не е дека не сум среќен што постигна „хет-трик“ - не е лесно, но може да игра подобро. Тоа не беше неговиот најдобар настап. Но, тој е неверојатен млад човек кој има голем талент и неговата работна етика е неверојатна“, додаде Шпанецот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан