Гвардиола по победата над Реал: Противникот беше многу подобар од Сити во некои периоди
- Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, даде свое видување на синоќашниот натпревар со Реал Мадрид на гостински терен.
Мадрид, 11 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, даде свое видување на синоќашниот натпревар со Реал Мадрид на гостински терен.
„Граѓаните“ победија со 2:1 во 6. коло од Лигата на шампионите.
- Не можевме да влеземе во ритам сè додека не го постигневме првиот гол. За многу од играчите, ова е нивниот прв натпревар на „Сантијаго Бернабеу“. Можеби тоа ќе биде добро за нас, можеби благодарение на тоа, ќе бидеме подобро подготвени во февруари. Реал Мадрид беше многу подобар од нас во некои моменти. Моравме да трчаме и да трчаме... Но, честопати реагиравме предоцна на одредени ситуации, оставајќи им простор. Но, тоа е во ред, ќе научиме. Ќе ја подобриме нашата игра во посебни сегменти, изјави Гвардиола.
Реал Мадрид има 12 бода и е седми во вкупниот пласман во Лигата на шампионите. Манчестер Сити е четврти со 13 бода. зс/
Фото: ЕПА