• понеделник, 23 декември 2024

Гвардиола по осми пат во кариерата тренер на месецот во Премиер лигата

Гвардиола по осми пат во кариерата тренер на месецот во Премиер лигата
  Лондон, 12 февруари 2021 (МИА) – Стратегот на клупата на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е избран за најдобар тренер во јануари во Премиер лигата. Тимот на Гвардиола изминатиот месец запиша шест победи во исто толку натпревари и се искачи на чело на табелата по 22 одиграни натпревари во англиското првенство. За Гвардиола, кој го предводи Манчестер сити од 2016 година, ова е осма награда тренер на месецот во Премиер лигата, со што шпанскиот стратег се израмни со Хари Реднап, Мартин О”Нил и Јирген Клоп. ег/

Остани поврзан