• сабота, 15 февруари 2025

Гвардиола потврди: Аканџи оди на операција, ќе биде надвор од терените 8 до10 недели

Гвардиола потврди: Аканџи оди на операција, ќе биде надвор од терените 8 до10 недели

Манчестер, 14 февруари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи ќе биде надвор од терените околу два месеци поради повреда на мускулот.

Швајцарецот се повреди во поразот од Реал Мадрид (2:3) и го напушти теренот на полувремето.

Ваквиот расплет на ситуацијата значи дека поранешниот играч на Борусија Дортмунд ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во Мадрид (19 февруари), како и премиерлигашката пресметка со Ливерпул на стадионот „Етихад“ (23 февруари). Тој би можел да биде подготвен за 12 април, кога небесносините ќе му гостуваат на Кристал Палас во Чемпионшип.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола потврди дека 29-годишниот фудбалер треба да отсуствува од осум до 10 недели и дека ќе биде опериран во сабота. Ова дефинитивно не е идеално време за гостување, бидејќи на актуелниот англиски шампион му претстојат два клучни натпревари во наредните денови.

Сигурниот стопер ќе има кој да го замени, бидејќи неодамна од повреди се опоравија Џон Стоунс, Нејтан Аке и Рубен Диас.

Проблеми со повреди имаше и Нико Гонзалес, аквизицијата од Порто кога го напушти теренот во 22. минута од своето деби. Во тој тесен натпревар, Сити по пресврт успеа да го совлада третолигашот Лејтон Ориент (1:2).

Аканџи во досегашниот дел од сезоната одигра 30 натпревари и забележа една асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан