Гвардиола за ремито со Њукасл: Игравме многу добро, но нивниот голман бранеше брилијантно
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на неговиот тим на денешниот натпревар со Њукасл.
Њукасл, 28 септември 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на неговиот тим на денешниот натпревар со Њукасл.
„Граѓаните“ одиграа 1:1 на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл во меч од шестото премиерлигашко коло.
- Противникот имаше свои моменти во првите десет минути од натпреварот, исто така и по постигнување на голот. Сепак, ние воопшто игравме многу добро. Секогаш е тешко да се игра против Њукасл заради нивната физичка моќ, тие длабоко се бранат. Нивниот голман Поуп беше брилијантен. Затоа освоивме само еден бод, изјави Гвардиола.
Манчестер сити со 14 бода е на врвот на табелата, Њукасл има 11 и е во првата половина. зс/
Фото: ЕПА