• недела, 22 декември 2024

Гвардиола ги именуваше ривалите на Манчестер сити за титулата во Премиер лигата

Гвардиола ги именуваше ривалите на Манчестер сити за титулата во Премиер лигата
Манчестер, 5 ноември 2022 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги именуваше клубовите за кои мисли дека ќе конкурираат за титулата оваа сезона во Премиер лигата. - Би рекол Арсенал, Манчестер сити, Челзи, Њукасл, Тотенхем, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Мислам дека овие екипи можат да конкурираат за титулата. Ова се моите чувства. Прв кандидат во моментов е Арсенал. Зошто? Затоа што тие се на врвот во лигата, а останатите се блиску до него. Па, да видиме како ќе ги завршиме следните два натпревари, но мислам дека многу од овие тимови заслужуваат да бидат таму, изјави Гвардиола за „Њукаслворлд“. Тој одговори и на прашањето зошто го вклучил Ливерпул на оваа листа. - Бидејќи тие го имаат истиот менаџер и тим кој успеа да добие 17-18 победи во низа, можат да го сторат тоа повторно, додаде 51-годишниот. На табелата во Премиер лигата моментално води Арсенал со 31 бод. Тимот на Гвардиола е втор со 29 бодови. Тотенхем е трет со 26 бода. Њукасл е четврти со 24 бодови, а Манчестер јунајтед е петти со 23 бодови. Челзи е шести со 21 бод, а Ливерпул е деветти со 16 бодови. зс/

Остани поврзан