• сабота, 23 ноември 2024

Гајдај: Бранителите мора да се повлечат од Северодоњецк

Гајдај: Бранителите мора да се повлечат од Северодоњецк
Киев, 24 јуни 2022 (МИА) – Гувернерот на Луганск, Сергеј Гадај денеска изјави дека бранителите на Северодоњецк мора да се повлечат од клучниот град. - За жал, мораме да ја повлечеме нашата војска од Северодоњецк, останувањето на позициите нема смисла. Бројот на загинати расте, напиша Гадај на Телеграм. Тој додаде дека 90 отсто од домовите во Северодоњецк се уништени или сериозно оштетени. Гадај исто така наведе дека руските сили го зазеле селото Николајевка во Луганск, но оти украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива во областа Боровск, како и дека одбиле напад врз јужно предградија на Лисичанск. ми/

Остани поврзан