Гаши: Разумот надвладеа над предрасудите и пропагандата
- По неприфаќањето на неговата интерпелација поднесена од Левица, претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на својот Фејсбук профил им се заблагодари на сите пратеници кои вечерва дале поддршка. Спикерот во објавата посочува дека вечерва уште еднаш разумот надвладеал над предрасудите и пропагандата.
Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - По неприфаќањето на интерпелацијата поднесена од Левица, претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на својот Фејсбук профил им се заблагодари на сите пратеници кои вечерва му дале поддршка.
Гаши во објавата посочува дека вечерва уште еднаш разумот надвладеал над предрасудите и пропагандата.
-Им се заблагодарувам на сите пратеници кои денес учествуваа на оваа интерпелација, кои дискутираа и реплицираа и кои со нивниот слободен и демократски глас и дадоа одговор на оваа интерпелација.Им се заблагодарувам од срце и на сите други кои денес ја дадоа нивната поддршка на било каков начин. Продолжуваме со истата посветеност кон задачата!, напиша Гаши на Фејсбук.
Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, вечерва, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движење ЗНАМ - за наша Македонија. Поддршка дадоа иницијаторите Левица и СДСМ.фф/лв/
Фото: Фејсбук на Африм Гаши