• петок, 05 декември 2025

Гаши: Зајакната соработка на Собранието и ревизорите во насока кон заштита на граѓаните

Гаши: Зајакната соработка на Собранието и ревизорите во насока кон заштита на граѓаните

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, заменик- главниот државен ревизор Орхан Адеми, главниот ревизор на Националната канцеларија за ревизија на Малта, Чарлс Дегуара и со претседателката на Судот за ревизија на Република Словенија, Јана Ахчин.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство за средбата со претставници на една од најбитните институции и можноста за размена на искуства со претставници од земји како Малта и Словенија.

Гаши ги нагласил трите компоненти за остварување на целта функционално собрание - финансиска независност, независност на собраниската служба, како и независно собраниско обезбедување, на што се работи.

Гостите изразиле мислење дека е потребно и институцијата Државен завод за ревизија да биде независна.

Присутните, како што е наведено во соопштението, биле едногласни за важноста од постојано зајакнување на соработката со законодавниот дом, со оглед на тоа што и Собранието и ревизорите се насочени кон заштита на граѓаните. дма/са/

Фото: Собрание

Остани поврзан