Гауф ја бележи најдолгата победничка серија во ВТА во 2023 година
- Светскиот рекет број 3, Коко Гауф, денес во третото коло на турнирот во Пекинг ја победи 16. На ВТА листата Вероника Кудерметова – 7:6 (5), 6:2. Гауф има 21 победа во последните 22 натпревари. Таа победи на 15 натпревари по ред. Ова е најдолгата серија сезонава на ВТА турнирите.
Пекинг, 5 октомври 2023 (МИА) – Светскиот рекет број 3, Коко Гауф, денес во третото коло на турнирот во Пекинг ја победи 16. На ВТА листата Вероника Кудерметова – 7:6 (5), 6:2. Гауф има 21 победа во последните 22 натпревари. Таа победи на 15 натпревари по ред. Ова е најдолгата серија сезонава на ВТА турнирите.
Американката ја престигна Ига Швјонтек која застана на 14 победи во низа во 2023 година.
Во следното коло на турнирот во кинеската престолнина, Гауф ќе се соочи со победничката од мечот Марија Сакари (Грција) – Ванг Ксињу (Кина). зс/
Фото: ЕПА