• четврток, 26 март 2026

Гасперини за поразот од Наполи: Ни недостасуваше енергија

Гасперини за поразот од Наполи: Ни недостасуваше енергија

Рим, 1 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги објасни причините за поразот на Рома од Наполи синоќа со 1:0 од Наполи во 13. коло од Италијанското фудбалско првенство.

- И ние како и Наполи имавме малку шанси. Разочарувачки е што ни недостасуваше енергија. Плативме висока цена за победата во натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот. Ни недостасуваше брзина и не ја движевме топката доволно брзо. Кога играте против толку организиран противник како Наполи, ова не може, а да не боли. За жал, денес не можевме да играме како што сакавме во толку важен натпревар, изјави Гасперини за „Фудбал Италија“.

Рома е на четвртото место со 27 бода. Заврши серијата од четири победи на тимот во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан