• недела, 22 декември 2024

Гасперини за поразот од Каљари: Можеби реми ќе беше фер резултат

Гасперини за поразот од Каљари: Можеби реми ќе беше фер резултат

Каљари, 8 април 2024 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини смета дека неговиот тим не заслужи пораз на вчерашното гостување кај Каљари во натпреварот од 31. коло на италијанското фудбалско првенство.

Аталанта прва дојде во водство, но до крајот на мечот прими два гола и остана без ниту еден бод.

- Примивме лош гол бидејќи Каљари претходно не ни правеше никакви проблеми. Изедначувањето дополнително ги мотивира. Претчувствував дека Каљари може да го сврти натпреварот. Ние имавме неколку шанси за втор гол, но ни недостигаше квалитет. Можеби реми ќе беше фер резултат. Мораме да го користиме Каљари како пример затоа што ако сакаме да постигнеме нешто против Ливерпул, треба да излеземе на теренот со истиот став како што Каљари го покажа денеска против нас, истакна Гасперини за „Football Italia“.

По овој натпревар Аталанта е на шестото место во поредокот со 50 бодови, Каљари е на 13. место со 30 бодови.

Аталанта на 11 април ќе му гостува на Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан