• четврток, 21 ноември 2024

Гасли: Со нетрпение ги очекувам ажурирањата на автомобилот на Имола, се надевам дека ќе ја подобрат брзината

Гасли: Со нетрпение ги очекувам ажурирањата на автомобилот на Имола, се надевам дека ќе ја подобрат брзината

Лондон, 12 април 2022 (МИА) - Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли смета дека тимот треба да работи на подобрување на болидот. На трите трки од почетокот на сезоната 2022, пилотите на Алфа Таури успеаја да освојат 10 поени и тимот го зазема 8. место во шампионатот за конструктори.  

- Почетокот на сезоната беше позитивен, но ние ќе продолжиме да го развиваме болидот во наредните недели. Со нетрпение ги очекувам ажурирањата на болидот, кој треба да биде подготвен за сцената во Имола. Се надевам дека ќе ја подобрат брзината на болидот на начинот на кој очекуваме. На крајот на краиштата, викендот во Мелбурн не беше лесен, бидејќи нашите директни конкуренти од Мекларен и Алпин направија голем чекор напред. Мислам дека сепак можеме да бидеме среќни со фактот што освоивме два бода во Австралија. Сепак, ни требаат ажурирања на болидот за да бидеме во чекор со конкуренцијата, рече Гасли. 

Следна етапа на возачите од Формула 1 е од 22 до 24 април во Имола, Италија. зс/

Остани поврзан