• недела, 22 декември 2024

„Гардијан“ отпушти карикатурист по 40 години работа поради карикатура на Нетанјаху

„Гардијан“ отпушти карикатурист по 40 години работа поради карикатура на Нетанјаху

Лондон, 16 октомври 2023 (МИА) - Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху.

Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е антисемитска, пренесува Н1.

„Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ја објавуваат мојата работа по карикатурата на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Бел за британските медиуми.

На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над својот голи стомак додека прави засек во форма на Газа, со натпис: „Жители на Газа, излезете веднаш“. ссм/

фото: Јутјуб принтскрин/ X принтскрин

Остани поврзан