• петок, 22 ноември 2024

Гарванлиев: Со музиката сум со чиста цел, чиста визија и мометално имам огромна одговорност да ја претставам Македонија на Евровизија

Гарванлиев: Со музиката сум со чиста цел, чиста визија и мометално имам огромна одговорност да ја претставам Македонија на Евровизија
Скопје, 20 март 2021 (МИА) - Јас со музика сум со чиста цел, чиста визија и моментално имам огромна одговорност да ја претставам Македонија на Евровизија. Потпишав договор со Македонска радио телевизија, носител на тоа, иако јас сум гласот за сите нас. Да, има многу лавиринти, но изборот по која насока ќе одиме е наш. Мојот е да се фокусирам, вели годинашниот македонски претставник на Евровизија  баритонот Васил Гарванлиев во инетервју за DW.
Во интервјуто истакнува дека во неговата биографија, во неготово портфолио е чисто назначено, кој е, од каде доаѓа, каде живее, каде твори и што прави. -Ќе се навратам, на сите македонски медиуми, онлајн и телевизии досега во овие три години се имам појавено барем по еднаш каде што кажувам колку сум горд, и кога сите бегаат од нашата земја, јас верувам во нашата македонска музика, македонска традиција и се вратив затоа што знам што можеме и како можеме, вели тој.
Истакнува дека е жално што кај нас политиката е вмешана буквално во секоја сфера, а сите ние ги знаеме последиците од сето тоа. -Видете, појаснува, каква година поминавме, Ковид. Да, најлесно е да кажеме откажи го тој натпревар, откажи го тој настан, но што ќе постигнеме со тоа? Клучот за мене е човечноста. Што имаме да кажеме. Да може да застанеме и... што, што ќе биде. Не! Време е да застанеме заедно, да тргнеме сѐ настрана. Уметноста, музиката и спортот е тоа што ја води и крева една нација. Свесен сум што доаѓа во мај за мене. Застанете со мене, зошто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“. Поминав многу, многу, овде стојам со отворено срце, ѕидови се урнати и ви се давам вам. Пејам за вас, пејте и вие со мене, вели Гарванлиев.
За тоа дали има ентузијазам за Ротердам, вели дека е интересна неговата патека и дека ова ќе му дојде како трета мајка. -Отидов со Тамара 2019-та, ја подготвував, застанав позади неа, лани бев одбран, голема благодарност, се откажа, душата ми падна и ме инспирираше да ја напишам „Here I stand“. Годинава, пред да се случи ова што се случува, ако бев жарче со Тамара, оган лани, сега сум еден вулкан. Со новиот бран на сѐ што доаѓа кон мене имам уште поголема желба да застанам за сите нас и да покажам кои сме, што сме и што можеме, истакнува Гарванлиев.
Во интервјуто во однос на двојното државјанство и како се чувствува, вели како човек со огромно срце, искрена душа, полна со приказна и музика. - Да, јас сум роден во Македонија и верувале или не, јас сум еден од најгордите Македонци. Но, факт, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко, кои не се со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа, горд сум и на тоа. Јас сум Македонец. Каде и да настапував, пред и позади сцена, Чикаго, Лондон, Париз, сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев. Музиката, тоа е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказна, корени и нема никогаш да се извинам за тоа, потенцира Гарванлиев.скс/вј/
 

Остани поврзан