Гарабаја: Не очекува тежок натпревар со силен противник
- Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик во Лигата на шампионите
Битола, 12.ноември 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик во Лигата на шампионите. Пред полните трибини во салата „Боро Чурлевски“ битолчани ќе се обидат против фаворитот ПИК Сегед да стигнат до нова победа.
Ќе имаме нов тежок натпревар во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции. Одбраната им е гранитна, шутираат од секаде, особено од далечина. Во екипата е еден одличен голман и можеби едно од најдобрите крила во натпреварувањето, но ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен, тоа ќе биде одлично за нас. Против ПИК Сегед ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа, изјави Рубен Гарабаја тренерот на Еурофарм Пелистер.
Почетокот на натпреварот Е.Пелистер – ПИК Сегед е во 20:45 часот, а натпреварот го судат Ларс Јорум и Хавард Клевен од Норвешка. мн
Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер