„Ганс-ен-роузес“ му ја посветија турнејата на починатиот рокер Тејлор Хокинс
- Рок-составот го одржа својот последен концерт од нивната европска турнеја на 15 јули. Аксл набргу потоа на Твитер рече дека таа е посветена на Хокинс, покојниот тапанар на „Фу фајтерс“ кој по

Лос Анџелес, 18 јули 2022 (МИА) - Аксл Роуз објави соопштение во коешто, тукушто завршената турнеја на неговиот бенд „Ганс-ен-роузес“ ја посветува на рокерот Тејлор Хокинс.
Рок-составот го одржа својот последен концерт како дел од нивната европска турнеја на 15 јули. Аксл набргу потоа на Твитер рече дека таа е посветена на Хокинс, покојниот тапанар на групата „Фу фајтерс“, кој почина во март. „Тешко е да се справиш со такво нешто, но во обид да оддадеме почит, би сакале да ја посветиме оваа турнеја на нашиот пријател Тејлор Хокинс. Тој беше одлично момче и секогаш беше задоволство да се видам со него. Засекогаш ќе остане во нашите срца“, напиша пејачот на „Ганс-ен-роузес“. [caption id="attachment_1749138" align="aligncenter" width="800"]