• понеделник, 23 декември 2024

Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ на Францускиот институт

Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ на Францускиот институт

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Францускиот институт во Скопје и Скопје сити мол вечер организираат гала филмска вечер „Кан во Скопје“ со прикажување на филмот „Втор чин“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт.

Како што наведуваат од Францускиот институт, станува збор за ексклузивна премиера на филм со којшто беше отворено годинашното издание на Канскиот фестивал, во режија на Кантен Дипје. Во главните улоги настапуваат Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон.

Француските медиуми за „Втор чин“ објавија пофални зборови. „Фигаро“ ќе напише дека Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор. 

Според Пари-Мач, „Втор чин“ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран, носи рекордно долги кадри. 

-Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!, ќе наведе „Ехо“.

Премиерната проекција на „Втор чин“ ќе биде од 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје сити мол. вг/хс/

Фото: плакат

Остани поврзан