• петок, 08 ноември 2024

Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина

Газпром: Продолжуваме да испорачуваме гас за Европа преку Украина
Москва, 31 јули 2022 (МИА) - Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина. Компанијата посочи дека испорачаната количина преку Украина на мерната станица за гас „Суџа“ е на одржливо ниво од околу 42,2 милиони кубни метри. За денеска изнесува 42,2 милиони кубни метри наспроти 42,1 милион вчера, што е благ пораст. „Газпром“ додаде дека Украина го одбила барањето за снабдување со сино гориво преку мерната гасна станица „Сохрановка“. паг/    

Остани поврзан