• понеделник, 25 ноември 2024

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

Кан Јунис, 27 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 180.000 луѓе се раселени за четири дена колку што траат борбите околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија Обединетите нации по израелската операција за извлекување на телата на заробениците.

„Околу 182.000 Палестинци беа принудени да го напуштат централниот и источниот дел на Кан Јунис од понеделникот бидејќи интензивирањето на непријателствата поттикна нови бранови на внатрешно раселување низ Газа“, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања во Газа, додавајќи дека „стотици други останале без можност да се преселат некаде во источниот Кан Јунис“.

Израелската војска соопшти дека „елиминирала околу 100 терористи“ во Кан Јунис во последните четири дена.

Таа, исто така, објави дека пронашла тела на петмина Израелци во Кан Јунис, вклучително и двајца војници и двајца резервисти кои беа убиени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведени во Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан