• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

В понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината

В понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината

Охрид, 26 јуни 2025 (МИА) – За претстојниот понеделник, на 30 јуни, најавено е прскање против комарци на територијата на Општина Охрид. Дезинсекцијата што ќе се врши од земја, предвидено е да се спроведува во периодот од 19 часот во понеделникот вечерта до шест часот изутрината наредниот ден.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот„ Св. Наум“, територијата на град Охрид, со теченијата на реките Грашница и Коселска.

Поради најавеното запрашување се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. аб/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан