• недела, 22 декември 2024

Вујовиќ: За првпат Ф4 во СЕХА ќе мине без Вардар или Загреб, би ми било драго тоа да е хрватскиот тим

Вујовиќ: За првпат Ф4 во СЕХА ќе мине без Вардар или Загреб, би ми било драго тоа да е хрватскиот тим
Скопје, 19 август 2021 (МИА) – Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, очекува неговиот тим да го помине Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата. - Натпреварите од Суперкупот и турнирот во Струга што ги игравме мината недела, исто како и претстојните четвртфинални средби со Загреб од СЕХА лигата, доаѓаат малку рано според тоа како јас ја темпирам формата затоа што сметам дека ние најподготвени треба да бидеме за стартот на Лигата на шампионите. Но, не се жалиме. Полека тимот се комплетира. Најпрво одиме на турнир во Магдебург на кој истоимената домашна екипа е фаворит. Потоа не очекуваат две средби со Загреб во четвртфиналето од СЕХА. По прв пат еден од овие две екипи нема да игра на фајнал-фор. Мене би ми било драго тоа да биде Загреб, рече Вујовиќ на денешната прес-конференција. Вардар во новата сезона ќе настапува на три фронта, македонското првенство, регионалната СЕХА лига и елитната Лига на шампиони. Против Загреб, во четвртфиналето од СЕХА лигата, Вардар на првиот меч ќе биде домаќин на 26 август. зс/

Остани поврзан