• вторник, 02 јули 2024

Вујовиќ: Атмосферата на трибините не носеше до триумфот

Вујовиќ: Атмосферата на трибините не носеше до триумфот
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ изрази задоволство од првата победа оваа сезона во ракометната Лига на шампиони остварена синоќа во Скопје против Мешков Брест (35:27). Тој се заблагодари на навивачите на „црвено-црните“ за големата поддршка. - Пред натпреварот се малку се плашев, бидејќи Мешков Брест е квалитетна екипа. Ние на мечот влеговме многу мотивирани и со неколку добри одбрани на Томовски. Атмосферата на трибините не носеше. Нивните голмани имаа лош ден. Дополнителен нивни проблем се големиот број повредени па ние на крајот ја искористивме ваквата ситуација и на крајот победивме, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот. Голманот Мартин Томовски очекува Вардар да биде се подобар како што ќе изминуваат натпреварите. - Одлично го отворивме натпреварот и создадовме убава разлика која ја контролиравме до крајот. Имавме и падови во играта. Сепак ние сме нова екипа и се уште се пронаоѓаме себе си. Верувам дека во иднина ќе бидеме се подобри. Благодарност до публиката која ни даваше ветар во грбот, истакна Томовски. По две кола во А-групата од Лигата на шампионите, Вардар е на 4.место со три бода, додека белорускиот тим е претпоследен (7. место) без освоен бод. зс/

Остани поврзан