• вторник, 24 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вучиќ: Шестото барање на студентите во блокада го пoкрена директно Албин Курти

Вучиќ: Шестото барање на студентите во блокада го пoкрена директно Албин Курти

Белград, 10 април 2025 (МИА)  - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за Њузмакс Балканс изјави дека шестото студентско барање дошло „директно покренато од Албин Курти“.

„Министер во владата на Северна Македонија и пријател на Курти ме нападна без причина што ги посетив граѓаните на Северна Македонија (во УКЦК во Белград), а потоа тоа стана шесто барање на студентите. Со тоа Курти директно го предизвика“, рече Вучиќ за телевизијата Њузмакс Балканс.
Тој не прецизираше за кој македонскиот министер станува збор и каква врска има Албин Курти со студентите.

Вучиќ не даде никаков доказ за своите тврдења.

Шестото студентско барање, се однесува на одговорноста за оние кои дозволија функционери и новинари да ги посетат пациентите кои се лекуваат во Белград како последица од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.Тоа барање претходно - на 28 март - беше поставено од студентите во блокада од Медицинскиот факултет. зш/

Остани поврзан