• четврток, 26 март 2026

Вучиќ се враќа в среда на своите работни обврски

Вучиќ се враќа в среда на своите работни обврски

Белград, 5 мај 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се врати на своите работни обврски на 7 мај, по што во тој ден ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор, јавија српските медиуми.

Во истиот ден - вечерта - српскиот претседател ќе и се обрати на граѓаните. 

Вучиќ во саботата попладне беше примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград. На него ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош и по прегледот била донесена одлука да се врати во Србија. Поради тоа, не можеше да се појави на главните настани за кои беше во САД.  зш/

Остани поврзан