• вторник, 25 јуни 2024

Вучиќ, Путин и Фернандез преку видео врска го означија почетокот на производство на Спутник В во Србија

Вучиќ, Путин и Фернандез преку видео врска го означија почетокот на производство на Спутник В во Србија
Белград, 4 јуни 2021 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ заедно со рускиот и аргентискиот претседател Владимир Путин и Алберт Фернандез преку видео врска го означија почетокот на производството на првата комерцијална серија на вакцината Спутник В на Институтот Торлак во Белград. Производството на руската вакцина воедно започна и во Аргентина, јави дописникот на МИА од Белград. Предвидено е за четири до шест месеци со компонентите кои пристигнаа од Русија во „Торлак“ да се произведат четири милиони вакцини Спутник В. Се очекува првата вакцинанација со вакцината од Торлак да биде за 10 дена. Вучиќ денеска истакна дека е горд и дека Србија ќе им понуди руски вакцини на сите земји во регионот, Европа и светот, додавајќи дека тоа е исклучително важно за срспкиот фармацевтски и здравствен систем. об/ми/

Остани поврзан