• четврток, 21 ноември 2024

Вучиќ принципите на меѓународната заедница за настаните на Косово повторно ги спореди со Северна Македонија

Вучиќ принципите на меѓународната заедница за настаните на Косово повторно ги спореди со Северна Македонија

Белград, 1 октомври 2023 (МИА) - Српскиот претседател Александара Вучиќ, обраќајќи им се денеска на граѓаните, повторно ги спореди принципте на меѓународната заедница за настаните на северно Косово со убиството на осумте полицајци во Куманово во 2015 година, оценувајќи го тоа како притисок бидејќи „еден принцип важи за сите останати, но не и за Србите“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Кога беа убиени осум полицајци во Северна Македонија, тоа не го направија терористи, иако тоа го направија на територијата на суверена земја призната од ОН, а кога еден полицаец, кој, патем, според Бриселскиот договор, не може да биде таму каде што бил, е убиен, што ние го осудуваме и не го оправдуваме на никаков начин, тогаш сите Срби до 14-то колено мора да бидат под истрага, уапсени, убиени без никаква одговорност или право да се бранат“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Тој оцени дека поради настаните на Косово, против Србија е покрената „кампања на невистини и лаги.“

-Всушност, да бидам искрен, им пречеше тоа што сфатија дека Србија има, како што велат, софистицирано оружје. Ќе продолжиме да инвестираме во одбраната на нашата земја, но Србија сака мир. И се што кажаа измислија и излажаа и знаеја дека измислуваат и лажат, рече Вучиќ.

Тој додаде дека, сепак, „најтешко е да се слушаат приказните дека мораме да ја поздравиме акцијата на таканаречената косовска полиција и залудни беа уверувањата дека тоа не е направено на професионален начин“.

-Џабе беше нашето прашање кое остана неодговорено, зошто ЕУЛЕКС беше одбиен да учествува во самата операција, и наместо тоа беа ставени во оперативна сала за да можат само од далечина да гледаат како нешто прават и мораа да поддржат, бидејќи се што е против Србите мора да се поздрави, изјави Вучиќ.

Тој порача дека „обидите да се премолчи како се убиени некои од Србите се пропаднати и нема да поминат“ и ги извести граѓаните дека „во рок од 24 часа ќе може да го слушнат и видат тоа “.

-Имаме изјави на очевидци, луѓе кои биле на лице место и виделе како и на кој начин, брутално, е убиен најмалку еден ранет. И Србија нема да се смири додека не се дознае целосната вистина, бидејќи животот на Србите не вреди помалку од другите. И не ме интересира кој и колкав притисок ќе врши, како што не ме интересира како и на кој начин со своите лаги имаат намера да ја повредат Србија, како во регионот, така и во западните медиуми, рече српксиот претседател.

На крајот тој порача дека за „независноста на Косово може само да сонуваат“ бидејќи Србија ќе ја „чува Повелбата на ОН, Резолуцијата на ОН 1244 и својата територијална целовитост“. об/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан