• вторник, 11 март 2025

Вучиќ: Повик до сите актери на политичката сцена да не користат насилство во својата борба

Вучиќ: Повик до сите актери на политичката сцена да не користат насилство во својата борба

Белград, 11 март 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска уште еднаш ги повика „сите актери на српската политичка сцена да не користат насилство во својата борба“.

„Прифаќам дека јас сум виновен за тоа што фрлаа топовски истрели и димни бомби кон Народното собрание на Република Србија, но барам од нив да не го прават тоа повеќе и да не размислуваат за дополнителни напади врз државните институции, како што синоќа ги нападнаа РТС и РТВ“, рече Вучиќ во видео објава на Инстаграм. паг/

Фото: Инстаграм

 

 

 

Остани поврзан