• среда, 20 ноември 2024

Вучиќ: Очекуваат Косово да го предадеме на тацна, прават проблеми затоа што рековме дека нема тоа да се случи

Вучиќ: Очекуваат Косово да го предадеме на тацна, прават проблеми затоа што рековме дека нема тоа да се случи

Панчево, 19 мај 2023 (МИА) -  Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска изјави дека се очекува Србија да го предаде Косово „на тањир“ и дека се помирила и дека во 1999 година била бомбардирана со право.

„Откако рековме дека нема да се откажеме од меѓународните повелби, Уставот на Србија и територијалниот интегритет, тогаш тие почнаа да прават проблеми“, рече Вучиќ на митинг во Панчево.

Тој изјави дека Србија прави се за да си ги зачува „државата, името и презимето“, но дека се „плаши“ дека ќе мора да бидат уште посилни и поцврсти на тој план, пренесе Бета.

„Правете што сакате и надворешно и внатрешно, но нема да добиете независно Косово како што се надевате. Ќе треба да поставите други“, рече Вучиќ.

Вучиќ се осврна и на најавата на Србите од Косово кои и дадоа рок до 1 јуни на Приштина „да престане со провокациите“ и додаде дека е загрижен поради тоа.

„Што и да каже и направи Приштина, Србија секогаш ќе биде виновна“, рече претседателот на Србија. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан