• недела, 19 јануари 2025

Вучиќ му честиташе на Милановиќ за изборната победа

Вучиќ му честиташе на Милановиќ за изборната победа

Белград, 13 јануари 2025 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, јави Бета.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на Вучиќ.

Милановиќ, актуелен претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија, во вториот круг од претседателските избори, вчера го победи Драган Приморац, кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) со 74,69 наспроти 25,31 отсто од гласовите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан