• четврток, 26 декември 2024

Вучиќ за РТС: Отворен Балкан има загарантиран успех, но ние никого нема да молиме

Вучиќ за РТС: Отворен Балкан има загарантиран успех, но ние никого нема да молиме
Белград, 25 мај 2022 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан и Северна Македонија, во интервјуто на РТС оцени дека Србија „со Северна Македонија има извонредни односи“, јави дописиникот на МИА од Белград. - Србија е убедливо најпопуларната земја во Северна Македонија, а која друга би била? Луѓето треба да знаат дека Србите се најблиску до Македонците и обратно, така да немаме никакви проблеми, изјави Вучиќ. Тој нагласи дека ќе продолжи да ја развива иницијативата „Отворен Балкан“, но дека нема да моли никого. - Никој не ни треба за успех на таа приказна, бидејќи таа приказна има загарантиран успех. Секогаш сите сте добредојдени, а дали да прашаме некого или не? Па зошто би го направиле тоа? Луѓето ќе видат многу придобивки од Отворен Балканот, верувам веќе во текот на летово, а секако во текот на зимата. Сето тоа оди полека, тешко, под голем меѓународен притисок, бидејќи некои немаат управувачки волан и не ја сакаат идејата, некои други се против затоа што во тоа гледаат големосрпска идеја, некои трети се против, не знам зошто, а тоа е една одлична идеја која не поврзува сите и која не води заедно во иднината во која ние самите носиме одлуки за својата судбина - не сме принудени, не сме натерани од никој друг, ние самите се грижиме за себе, за нашите деца и за нашата иднина, објасни Вучиќ. Тој во текот на денот во Давос тој имаше средба и со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кого го покани да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“. На прашањето дали мисли дека еден од успесите на иницијативата е тоа што албанскиот Парламент не ја оцени резолуцијата за Сребреница, односно дали добрата економска соработка резултирала со добри политички односи, Вучиќ рече дека со одговорот на тоа прашање би го довел Еди Рама во тешка положба. - Имаме добри односи како земји и како народи, се повеќе и повеќе разбирање, навистина не сакам да го ставам Рама или некој друг во тешка позиција за да се пофалам себеси во домашната јавност. Нема смисла. Ние си веруваме еден на друг, кажа Вучиќ. Тој посочи дека Рама бил апсолутно фер во Брисел, на ниво на поддршката што ја имал од Унгарија и дека Србија никогаш немала таква поддршка. - Она што е потребно е храброст, почит кон нашата земја и тој го покажа тоа, како што ние покажуваме таква почит кон Албанија, и ќе продолжиме да го покажуваме тоа, рече Вучиќ. Претседателот на Србија за РТС кажа дека на средбата во Давос зборувал за проблемите со кои се соочува Србија, како и дека секојдневно слуша пораки за признавање на независно Косово или за воведување санкции на Русија. -Само Србија беше бомбардирана и нападната од земјите на НАТО, многу од нив се и членки на ЕУ, мора да имате таква особеност во вашата глава кога зборувате со нас за тоа, рече Вучиќ и истакна дека засега непостои можност Србија да воведе санкции кон Русија, како и дека верува дека ќе има коректен и добар разговор со руската страна, Србија да добие фер цена за гасот. об/нд/

Остани поврзан