• вторник, 19 ноември 2024

Вулнет Мурсели: Уредување на дворот на ОУ „Лирија“, игралиште за деца и инфраструктурни проекти за центарот на Тетово

Вулнет Мурсели: Уредување на дворот на ОУ „Лирија“, игралиште за деца и инфраструктурни проекти за центарот на Тетово
Тетово, 2 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Тетово Вулнет Мурсели  заедно со претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села,претседателка на Форумот на жени  Вјолца Бериша, портпаролот Флакрон Беџети и други партиски функционери беше во централното тетовско подрачје. -Ја посетивме Шарена џамија, се сретнавме со граѓани, разговаравме со нив. За централното градско подрачје во нашиот план ги имаме предвидено следните точки: регулирање на училишниот двор „Лирија“, инвестирање во игралиште за деца, регулирање на месечната претплата за зонско паркирање за жителите на населбата; уредување паркинг за такси возила; зголемување на капацитетот за собирање отпад и слично, информира кандидатот Вулнет Мурсели. Во ресторанот Гарден кандидатот оставри средба со активисти од младинскиот форум и на Форумот на  жени при што е разговарано за многу теми. ас/сст/

Остани поврзан