• недела, 19 мај 2024

Вудс хоспитализиран со повеќе повреди на нозете по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес

Вудс хоспитализиран со повеќе повреди на нозете по сообраќајната несреќа во Лос Анџелес
Лос Анџелес, 23 февруари 2021 (МИА) - Петнаесеткратниот победник на „Мејџор“ турнирот, голферот Тајгер Вудс со тешки повреди на нозете е внесен во операциона сала во една болница во Лос Анџелес. - Тој во моментов е во операционата сала, изјави агентот на Вудс, Марк Стајнберг. Според Стајнберг, играчот на голф имал повеќе повреди на нозете. Сообраќајната несреќа во која учествуваше Вудс се случи денес во Лос Анџелес. Тој бил сам во автомобилот кој излета од патот при голема брзина. За да го спасат Вудс, пожарникарите мораа да го исечат автомобилот. зс/

Остани поврзан