• петок, 20 декември 2024

Вуди Ален: Исчезна романтичноста на снимањето филмови

Вуди Ален: Исчезна романтичноста на снимањето филмови

Лос Анџелес, 8 април 2024 (МИА) - Американскиот режисер Вуди Ален (88) изрази незадоволство од сегашната состојба со кинодистрибуцијата. Според него, самата „долговечност на филмовите“ во кината значително се намалува со годините.

- Дистрибуцијата веќе не е она што беше. Сега филмот две недели е во кино... И толку. „Ени Хол“ се пушташе во киносалите во Њујорк над една година... Целиот тој бизнис е променет, и тоа не на убав начин. Сета романтичност на снимањето филмови исчезна, рече прославениот режисер во интервју за „Ермол“ (AirMail).

Инаку, ексцентричниот режисер лани на Филмскиот фестивал во Венеција го претстави својот 50-ти долгометражен филм - „Миг на среќата“ (Coup de Chance) на француски јазик. Продукцијата се соочува со тешкотии да се пренесе на американското тло, поради засегнатоста на Ален со наводите дека сексуално ја нападнал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година.

Откако лани медиумите објавија дека режисерот, револтиран затоа што филмовите денес многу брзо стигнуваат до ТВ-приемот, сака да се насочи кон пишување сметка на снимањето филмови, неговиот портпарол подоцна ги негираше тие тврдења.

„Вуди Ален никогаш не рече дека се пензионира. Тој рече дека размислува да не снима филмови, бидејќи тоа што филмовите директно или многу брзо одат на стрим-платформите, не му е многу пријатно“, гласеше официјалната изјава.

Од друга страна, пак, неговата сестра, продуцентката Лети Аронсон во неодамнешна изјава за „Њујорк тајмс“, најави дека нов филм е „во преговори“ и дека Ален работи на сценариото.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан