Втор уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид
- На Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска и утре се спроведува вториот уписен рок за претстојната академска 2025/26 година.
Охрид, 15 септември 2025 (МИА) – На Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска и утре се спроведува вториот уписен рок за претстојната академска 2025/26 година.
Идните бруцоши можат да се пријават на една од современите студиски програми во областа на информатичките науки и технологии, меѓу кои компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, како и дигитална бизнис-аналитика.
УИНТ „Св. Апостол Павле“ е единствениот универзитет во регионот специјализиран за информатички науки и технологии, со амбиција да ги подготви идните лидери на дигиталната ера. Со својата интернационална ориентација, современи програми и визија за развој, универзитетот се позиционира како oхридски, но и светски универзитет, место каде што младите таленти од државата и странство создаваат дигитални решенија што го обликуваат утрешниот свет.
Најдобрите бруцоши имаат можност да добијат стипендии во рамките на Универзитетот, како и стипендии поддржани од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.
Сите заинтересирани можат да се информираат на официјалната веб страна на Универзитетот www.uist.edu.mk каде можат да ги најдат условите пропишани со конкурсот. аб/дма/
Фото: МИА архива