• вторник, 14 мај 2024

Втор пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Втор пораз на Куманово во БИБЛ лигата
Куманово, 28 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на Куманово го претрпеа и вториот пораз во регионалната БИБЛ лига, откако вечерва во рамки на 2. коло во групата А загубија на домашен терен од израелски Галил Елион со 87-96 (34-48). Клучен период за конечниот исход се покажа првата четвртина, која израелскиот тим ја реши во своја корист со 26-13, одржувајќи ја предноста до крајот на натпреварот. Нова шанса за дебитантски триумф во новата сезона во регионалната кошаркарска лига екипата на Куманово ќе има на 9 ноември на гостувањето кај Балкан. Со вечерашниот триумф Галил Елион го задржа максималниот ефект и со три победи е лидер во групата. ег/вг/

Остани поврзан