Втор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021
- На Европското одбојкарско првенство, македонската репрезентација вечерва во Тампере загуби од селекцијата на Холандија со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:22.
Тампере, 3 септември 2021 (МИА) – На Европското одбојкарско првенство, македонската репрезентација вечерва во Тампере загуби од селекцијата на Холандија со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:22.
Холанѓаните во текот на целиот натпревар беа подобар противник и заслужено го освоија бодовите. Тие имаа 43:32 „добитни“ напади, 14:5 беше биланс во блокови во нивна корист, додека нашите репрезентативци беа поуспешни само во асови 3:1.
Најдобри во македонскиот состав беа Никола Ѓоргиев со 13 и Александар Љафтов со 11 поени.
По овој пораз Македонците се последни во групата која се игра во Финска со два пораза по првите две кола.
Следниот дуел на ЕП, црвено-жолтите ќе го имаат в недела од 13 часот, противник ќе им биде селекцијата на Турција. зс/