• петок, 05 декември 2025

Форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финанските услуги“

Форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финанските услуги“

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира експертски форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финанските услуги“. Проектот е финансиран од Европската унија, преку договор помеѓу Европската Организација за заштита на потрошувачите - BEUC и ОПМ.

Форумот е посветен на потребата од преземање активности за подготовка на неопходните предуслови за имплементација на европското законодавставо за заштита на колективните интереси на потрошувачите, транспозиција на Директивата за претставнички тужби (Representative Actions Directive (EU) 2020/1828), за што ќе зборува и претставничката од Европската Организација за заштита на потрошувачите – BEUC.са/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан