• петок, 05 декември 2025

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ Истанбул

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ Истанбул

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Македонскиот брас квартет денеска ќе одржи концерт во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. 

Концертот претставува дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул насочени кон промоција на македонската музичка уметност, дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Македонскиот брас квартет е составен од четворица истакнати музичари – членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон). Формиран во 2013 година, ансамблот бележи бројни настапи во повеќе македонски градови и фестивали, а истанбулската публика ќе има можност да ужива во избрана програма со дела од Хендл, Верди, Моцарт, Равел, Корсаков, Пјацола и Зографски.са/

Фото: плакат

Остани поврзан